Одложеното коло од Првата лига на програмата ќе биде утре, а фудбалерите на Шкендија пред себе имаат незгоден предизвик, гостување против екипата на Воска.
Тетовските „црвено-црни“ влегоа во посакуваниот ритам, во последните пет кола имаат четири победи и едно реми, со што се наоѓаат на делба на првото место на табелата со Силекс и со Гостивар. Воска моментно е претпоследна на табелата, но Валон Ахмеди предупредува дека Шкендија никако не смее да го потцени овој противник.
„Пред нас e дуелот со Воска и мислам дека сме подготвени… Тие имаат тим што мора да се респектира, изгледот на табелата не е мерило, знаеме дека мораме да бидеме максимално сериозни ако сакаме да победиме без разлика кој е на другата страна. Серијата од три победи ја зголеми нашата самодоверба, полни сме со енергија и сакаме да продолжиме во ист ритам и на овој дуел, потоа и како што сакаме да го завршиме овој дуел од сезоната, со триумф на домашен терен над Гостивар, пред нашите верни навивачи“, изјави Ахмеди во пресрет на утрешниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА