Ајачио го шокираше Марсеј и му го нанесе првиот пораз

Екипата на Олимпик Марсеј го доживеа првиот пораз сезонава во француското првенство. На „Велодром“, Марсеј беше изненаден и победен од Ајачио со 1-2.

Паје од пенал во 15. минута, но Мусит-Око во 25. минута израмни на 1-1. Балерди со автогол во 47. минута му ја донесе победата на Ајачио, и првиот пораз на Марсеј, па сега ПСЖ со триумф може да се одлепи на чело на табелата. Ајачио, пак, дојде до вториот триумф сезоната и до седмиот бод.

Марсеј под водство на Тудор игра одлично во Франција. Од деветте меча имаше седум победи и две „ремија“, му дишеа во врат на ПСЖ, но овој пораз и тоа како може да донесе проблеми, а ПСЖ ако победи, ќе се одлепи на пет бода од својот ривал.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...