Ајакс e во најголемата криза во историјата: Холандскиот великан со нов пораз и претпоследно место во Холандија

Европскиот великан Ајакс моментално минува низ една од најголемите кризи од основањето на клубот. Во деветтото коло од Ередивизие, Ајакс беше поразен од Утрехт со 4-3. По овој нов пораз, клубот кој пред пет години беше на прагот да игра во финалето на Лигата на шампионите е во зоната за испаѓање.

Клубот го напуштија сите играчи од таа позната генерација која му донесе многу радост на Ајакс. Го нема капитенот Душан Тадиќ околу кого се градеше играта и кој беше главниот лост на овој тим.

Ниту ситуацијата во клупското раководство не е идеална. Марк Овермарс веќе го напушти клубот поради разни скандали, а здравствени проблеми имаше и Едвин Ван дер Сар.

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...