Ајакс го отпушти Хејтинга

Откако не успеа да обезбеди учество во Лигата на шампионите идната сезона, во Ајакс се случува период на заминувања. Прв клубот го напушти извршниот директор Едвин ван дер Сар, за денеска да биде објавено дека амстердамскиот клуб му врачил отказ и на тренерот Џон Хејтинга.

Ајакс сезоната ја заврши на третата позиција на табелата, зад првакот Феенорд и второпласираниот ПСВ, и со тоа не успеа да обезбеди место во ЛШ, што беше клучно за отказот.

Хејтинга во јануари стапи на тренерското место во Ајакс, на местото на Алфред Шредер кој доби отказ поради слабите резултати. Директорот на клубот Свен Мислинтат му се заблагодари на тренерот, и појасни дека на клубот му треба искусен тренер.

Се вчитува...