Ајакс го отпушти тренерот, Солскјер еден од кандидатите за наследник

Ајакс доцна синоќа објави дека е раскинат договорот со тренерот Алфред Шредер, кој заминува од клупата после само шест месеци на функцијата.

Тимот од Амстердам донесе ваква одлука после разочарувачкото реми со Волендам на домашен терен во холандскиот шампионат. Тимот седум меча по ред нема триумф.

Шредер дојде од Бриж како замена за Ерик Тен Хаг кој замина во Манчестер Јунајтед. Со него заминува и првиот помошник.

На социјалните мрежи, едно од имињата кои кружат за нов тренер е Оле Гунар Солскјер, кој е без работа по отказот од Јунајтед. Исто така се споменува и враќање на Питер Бос, тренерот кој го однесе Ајакс во финалето во Лигата на Европа во 2017 година.

Се вчитува...