Ајакс го потпиша наследникот на Де Лихт за 15 милиони евра

Ајакс го продаде Матијс де Лихт во Јувентус за 70 милиони евра, а само неколку дена подоцна холандскиот првак го ангажираше и наследникот на холандскиот репрезентативец на „Јохан Кројф Арена“. Станува збор за 21-годишниот Едсон Омар Алварез, кој доаѓа од редовите на Клуб Америка од Мексико, чиј трансфер изнесува 15 милиони евра.

„Чест ми е што доаѓам во европски гигант како Ајакс, ќе сторам се за да ја оправдам довербата“ – изјави Алварез по потписот на петгодишниот договор со холандскиот првак.

Ајакс ќе стартува од третото квалификациско коло во новата сезона за ЛШ, каде за ривал ќе го има грчкиот првак ПАОК.

 

Се вчитува...