Ајакс го претстави наследникот на Тен Хаг

Ајакс денеска официјално го претстави новиот тренер Алфред Шројдер, кој доаѓа на кормилото на холандскиот првак на местото на Ерик тен Хаг.

Шројдер доаѓа на чело на Ајакс од кормилото на Бриж, каде со овој тим со фуриозен финиш на сезоната успеа да стигне до титулата во белгискиот шампионат.

„За мене е голема чест што станувам тренер на Ајакс, воедно и голема шанса што секако сакам да ја искористам. Сакам да освојувам трофеи во Амстердам, со тим што игра атрактивен фудбал. Ова е одличен склоп на искусни врвни фудбалери и големи таленти“, изјави Шројдер.

Новиот тренер ќе мора да бара и нов голгетер откако Ајакс денеска ги договори и последните детали од продажбата на Халер во Борусија Дортмунд.

Се вчитува...