Ајакс го продава Хаким Зијеч за 50 милиони евра

Ајакс би го продал Хаким Зијеч за 50 милиони фунти тврди италијанскиот „Калчомеркато“, а британските медиуми веднаш побрзаа да го поврзат со Арсенал чија желба е овој фудбалер.

Ајакс ги продаде Матијс де Лихт на Јувентус и Френки де Јонг на Барселона, а го задржа Зијеч. Сепак, сега, холандскиот тим бил расположен да ги ислуша понудите за него.

26-годишната мароканска ѕвезда во минатата сезона постигна 21 гол, а имаше и 24 асистенции. Постигна голови и против Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите. До зимската пауза во актуелнава сезона има осум гола и 21 асистенција на 28 средби во сите натпреварувања.

 

 

Се вчитува...