Екипата на Ајакс се реши да им ги врати парите на оние навивачи кои беа на гостувањето кај Херкулес во Купот на Холандија, меч во кој гигнтот од Амстердам загуби од четвртолигашот и беше елиминиран.
Резултатот на крајот гласеше 3-2 за нисколигашот. Ајакс за првпат во историјата испадна од Купот од аматерски клуб.
Официјално од Амстердам на мечот заминаа 325 лица, а клубот им вети дека ќе им ги покрие трошоците за билети и за патувањето.
„Поради лошиот настап на нашиот тим, веруваме дека болно ја доживеавте елиминацијата на нашиот тим. Чувствуваме голем срам и по консултација со играчите и стручниот штаб, одлучено е сите навивачи кои купиле билети за овој меч, да им бидат вратени парите. Оваа компензација нема да ги избрише спомените за загубениот меч, но ништо не може да се направи“, стои во соопштението на Ајакс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

