Елиф Елмас станува се поактуелен на фудбалскиот пазар како што се приближува стартот на летниот преоден рок, особено откако стана јасно дека Торино нема намера да ја активира клаузулата од 17 милиони евра за да го откупи договорот што македонскиот репрезентативец го има со Лајпциг.
Ајакс е тимот што делува најзагреано да го доведе Елмас во своите редови, холандскиот гигант подготвува ремонт во играчкиот кадар, а на Елмас се гледа како на играч што би требало да донесе инвентивност и да направи разлика во играта во следната сезона, особено по загубената титула во последното коло сезонава.
Холандските медиуми информираат дека Ајакс испратил и официјална понуда, во висина од 12 милиони евра, плус клаузули, за да го осигура потписот на Елиф до крајот на овој месец. На потег е Лајпциг, кој досега инсистираше на отштета од најмалку 15 милиони евра, плус клаузули,, па останува да се види дали Германците ќе дадат зелено светло за трансфер на Елмас во Ајакс, или ќе чекаат да почне аукција меѓу останатите заинтересирани клубови за услугите на нашиот фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

