Ајакс ја доведе замената за Зијеч

Холандскиот гигант Ајакс ја доведе замената за Хаким Зијеч. Се работи за репрезентативецот на Гана Мохамед Кудус. Кудус во Амстердам доаѓа од редовите на данскиот Нордсјеланд каде настапуваше во минатите две сезони.

Минатата сезона тој за данскиот тим запиша неверојатни 57 натпревари, на кои постигна 14 гола и забележа три асистенции. Ајакс за 19-годишниот офанзивец на Нордсјеланд му исплати 9 милиони евра.

 

Се вчитува...