Ајакс ја одбрани титулата во холандскиот шампионат (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ајакс ја одбранија титулата во холандскиот шампионат. Тие во претпоследното коло убедливо триумфираа на домашен терен со 5-0 против екипата на Херенвен. Домаќините брзо стигнаа до водство од 1-0 со голот на Таљифико во 19. минута.

На 2-0 зголеми Бергујс во 33. минута, а до крајот на првиот дел беше 3-0 со голот на Холер од пенал во 38. минута. Во вториот дел Бруби во 85. минута зголеми на 4-0, а конечните 5-0 ги постави Алварез во 90. минута. Со оваа победа на коло до крај „копјаниците“ имаат четири бода предност пред најголемиот ривал ПСВ Ајндховен.

За тимот од Амстердам ова беше рекордна 36. титула во холандскиот шампионат, а тренерот Ерик тен Хаг со трофеј заминува во Манчестер јунајтед.

 

 

Се вчитува...