Ретко кој од фудбалскиот свет не ја знае приказната за талентираниот играч на Ајакс, Абделхак Нури кој своевремено беше еден од најголемите таленти на холандскиот гигант но ненадејно доживеа срцев удар на еден пријателски меч и потоа неговиот живот потполно се промени.
Младиот фудбалер излезе од кома дури по една година од случката, комуницираше само со поглед со неговото семејство, а четири години подоцна, Ајакс конечно се согласи да му исплати 78. милиони евра отштета, како и да ги покрие сите трошоци за неговото досегашно лекување.
Повеќе од една ипол година се водеше вонсудска битка за Ајакс да ја преземе и финансиската одговорност за Нури, откако клубот излезе и призна дека поради лекарска грешка и лоша прва реакција на срцевиот удар, предизвикале Нури да падне во кома и да доживее тешки оштетувања на мозокот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

