Моисес Кеан е „џокерот“ на Јувентус во преговорите со Ајакс, што наверојатно ќе се покаже клучен за „старата дама“ да излезе како победник од трката по Матијс де Лихт. Првата понуда на Јуве во висина од 55 милиони евра беше одбиена од страна на холандскиот гигант, кој најави дека повторно ќе почне преговори со ПСЖ и со Барселона.
Челниците на Јувентус не сакаат да дојде до такви компликации, па во новата понуда ќе го вклучат и младиот Кеан. Италијанскиот весник „Тутоспорт“, кој важи за многу близок до „старата дама“, тврди дека одлуката е донесена, а „амин“ дал и тренерот Сари. Тој е свесен дека Кеан ќе нема многу шанси за докажување кога крај Роналдо и Дибала ќе биде донесен уште еден врвен голгетер (Икарди или Лукаку), па преселбата на овој фудбалер во Амстердам се чини како најреална опција.
Станува збор за играч кој и минатото лето се наоѓаше на листата со желби на тренерот Тен Хаг, па нема сомнеж дека и Ајакс ќе настојува што поскоро да ја комплетира продажбата на Де Лихт доколку како дел од трансферот го добие и младиот голгетер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА