Ајакс му даде зелено светло на Тен Хаг за почнување на преговори со Манчестер јунајтед

Фудбалскиот клуб Ајакс му дозволил на тренерот Ерик тен Хаг да преговара со Манчестер јунајтед. Доколку двете страни постигнат договор, Манчестер јунајтед ќе мора да плати обештетување, бидејќи Тен Хаг има важечки договор со Ајакс.

Челниците на Јунајтед и Тен Хаг веќе имале една средба, на која тренерот ги изложил своите планови. Како што објави „Скај спорт“, преговарачите од Јунајтед биле задоволни од она што го слушнале. За Тен Хаг гласал и актуелниот менаџер на Јунајтед, Ралф Рангник, кој по завршувањето на сезоната ќе отстапи во функцијата, но ќе остане во спортскиот сектор на тимот од Манчестер.

Тен Хаг има 52 години, во кариерата бил тренер во Го Ахед Иглс, вториот тим на Баерн Минехн, Утрехт и Ајакс.

 

 

 

Се вчитува...