Ајакс му врачи отказ на Морис Стајн

Сезоната за заборав на Ајакс продолжи и седмиот натпревар во холандското првенство каде гигантот го претрпе четвртиот пораз во сезоната кој значеше и отказ за тренерот Морис Стајн.

Стајн го превзема тимот од Амстердам изминатото лето со цел да го врати на врвот во Холандија по разочарувачката сезона во која Ајакс заврши на третото место на табелата, но не само што не успеа во обидот, тимот во моментот е на претпоследното место на табелата.

Се вчитува...