Ајакс не дозволил Марк Овермарс да го напушти клубот за да стане директор за фудбалски операции во ангискиот премиерлигаш Арсенал. Холандскиот клуб нема намера да се раздели со клучниот човек за трансферите и нема да се согласи на ниту една сума што би ја понудил лондонскиот клуб за обештетување.
На клубот не му требаат пари токму поради тоа што Овермарс му заработи 200 милиони фунти продавајќи млади играчи.
Затоа сега Арсенал работата му ја нуди на спортскиот директор на Рома, Мончи кој пак ако дојде во Лондон ќе се обедини повторно со Унаи Емери, со кого работеше во Севилја. Мончи се смета за најзаслужен за огромниот прогрес на анзалузскиот тим. Неговиот договор со Рома истекува на крајот од јуни оваа година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА