Ајакс парите од Халер ги потроши во Лондон

Ајакс летово прави сериозен ремонт, покрај тренерот Тен Хаг си заминуваат и неколку првотимци предводени од најдобриот стрелец Себастијан Халер, кој кариерата ја продолжува во Борусија Дортмунд.

Холандскиот првак експресно реагираше наоѓајќи адекватна замена за Халер, потпишувајќи го Стивен Бергвајн од редовите на Тотенхем во трансфер вреден 30 милиони евра. Бергвајн пристигна во Тотенхем од ПСВ Ајндховен во јануари 2020 година, но не се наметна за првотимски статус. Во ситуација кога „спарси“ во јануари го доведоа Кулушевски, а летово го ангажираа и Ришарлисон, стана јасно дека за него ќе нема место во напаѓачкото трио кај Антонио Конте, по што Бергвајн побара трансфер, а Тотенхем ги почна преговорите со Ајакс и на крајот беше постигнат целосен договор.

„Спарси“ во текот на денешниот ден ќе го официјализираат доаѓањето на францускиот дефанзивец Клемен Ленгле, кој ќе пристигне на едногодишна позајмица од Барселона.

Се вчитува...