Ајакс потврди: Пет великани се заинтересирани за Зијеч

Еден од најдобрите фудбалери на Ајакс сезонава, Мароканецот Хаким Зијеч ќе го напушти тимот од „Јохан Кројф“ арената, потврдија од клубот.

26-годишниот крилен фудбалер е на радарот на премиерлигашите Манчестер Јунајтед, Арсенал и Ливерпул, а за него се заинтересирани и двата најдобри тима од Германија, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. Најголем фаворит за негов потпис е баварскиот клуб кој веќе започнал преговори со Ајакс, бидејќи во Мароканецот гледаат замена за Арјен Робен.

Зијеч сезонава во дресот на Ајакс постигна 21 гол и забележа 24 асистенции, со што беше еден од најдобрите во историската сезона на тимот од Амстердам.

Се вчитува...