Ајакс претрпе катастрофа во Ротердам, загуби од Феенорд со 6-0

Ајакс оваа сезона не личи на тим кој што неодамна беше неприкосновен во Холандија. Откако во еден миг тимот беше во опасната зона, денеска го доживеа еден од најтешките порази во историјата. „Црвено-белите“ загубија на гостувањето во Ротердам кај Феенорд, со убедливи 6-0.

По три гола во двете полувремиња прими тимот од Амстердам. Пашао, Минет и Ханчко донесоа предност на полувремето од 3-0, за во вториот дел Минтех, Тимбер и Пашао да ја запечатат црната судбина на Ајакс.

Тренерот на Ајакс, Ван’т Шип најави заминување на крајот на сезоната, но нема да биде чудно ако биде сменет и порано. Се шпекулира дека на клупата може да седне екс тренерот на Челси и на Брајтон, Грем Потер.

Се вчитува...