Ајакс произведува најмногу играчи во Европа, Динамо Загреб меѓу првите пет тима

Дури 81 активен фудбалер кој настапува во преку 30 значајни натпреварувања во Европа, потекнува од фудбалската школа на Ајакс од Амстердам, објави ЦИЕС фудбалската обсерваторија од Швајцарија.

На второто место е Шахтјор Донецк, кој произвел шест фудбалери помалку од Ајакс. Трет е тимот на Спортинг со 70 играчи, исто толку има и Динамо Киев, како и Динамо Загреб, кои се во топ 5.

Партизан е на шестата позиција со 69, повеќе од Реал Мадрид кој има 62.

Затоа, пак, Реал Мадрид има произведено најмногу играчи кои играат во топ 5 лигите. Следува Барселона, па Лион кој е на третото место.

Се вчитува...