Ајакс, ПСВ Ајндховен и АЗ бараат крај на првенството

Откако во четвртокот раководството на фудбалската лига на Белгија означи крај на шампионатот, најголемите клубови во Холандија, Ајакс, ПСВ Ајндховен и АЗ Алкмар побараа истото да се случи и со националното првенство на оваа земја.

Актуелниот шампион и најтрофеен клуб во Холандија, Ајакс прв предложи откажување на останатиот дел од сезоната, а доби подршка од големите ривали АЗ Алкмар и ПСВ Ајндховен.

Единствен клуб од големата четворка кој не побара откажување на првенството е Феенорд, од кој сметаат дека треба да се следи целата ситуација и дополнително да се одлучи околу иднината на шампионатот.

Од Фудбалската федерација на Холандија во средата изјавија дека ќе ги следат препораките од УЕФА и се надеваат дека шампионатот ќе може да биде продолжен во средината на месец јуни.

Се вчитува...