Ајакс се откажа, Интер добива топ-голман бесплатно

Интер е н добар пат да донесе врвен оглман без никаква отштета на крајот од оваа сезона, коа „нероаѕурите“ планираат нов чувар на мрежата да го наследи искусниот Самир Ханданович на нивниот гол.

Станува збор за Андре Онана, искусниот голман на Ајакс кој моментно е суспендиран поради допинг, но наскоро повторно ќе има право за настап на фудбалските терени. Онана летово беше поврзуван со трансфер во Лион, но во последен момент ја одби понудата на Французите бидејќи сакал да настапува во поамбициозен клуб.

Договорот на Онана истекува на крајот од сезонава, а директорот на Ајакс, Марк Овермарс, денеска обелодени дека холандскиот гигант нема намера да ги продолжи преговорите за нов договор.

„Онана си оди на крајот од сезонава, тоа е јасно. Му понудивме нов договор, тој одби, немаме намера повеќе да разговараме“, истакна Овермарс.

Интер е на добар пат да го осигура потписот на овој фудбалер, а фактот дека Онана е слободен без оштета е многу значаен за „нероаѕурите“ во период кога клубот се наоѓа во сериозна финансиска криза.

Се вчитува...