Ајакс се спаси од срам против Карабах, Копенхаген во финишот го шокираше Вилјареал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ајакс конечно стигнаа до првата победа сезонава во Лигата на шампионите, откако вечерва потешко од очекуваното славеа на гостувањето кај Карабах со 2-4 во меч од 6. коло во елитата.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Дуран во 10. минута. До крајот на првиот дел беше 1-1 со погодокот на Долберг во 39. минута. Ново водство за гостите донесе Матеуш Силва во 47. минута (2-1). Сепак, гостите со блиц-криг во последните десет минути со погодоците на Глук на двапати и Гаеи успеаја да слават со 2-4.

Qarabağ 2-[4] Ajax – Oscar Gloukh 90'
byu/4gjdtokurwa insoccer

Во вториот меч од програмата од 18.45 часот Копенхаген го шокираше Вилјареал со 2-3. Елјунуси донесе водство за гостинот од 0-1 во 2. минута. На 1-1 израмни Комесана во 47. минута. Само минута подоцна ново водство за Данците (1-2) донесе Ашури, а во 56. минута беше 2-2 со погодокот на Олувасеји. Конечните 2-3 беа дело на Корнелиус во 90. минута.

Villarreal 2-[3] F.C. København – Andreas Cornelius 90'
byu/Meladroit05 insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...