Ајакс се „ценка“ со семејството на Нури – Им нудат 5 милиони евра

Раководството на холандскиот шампион Ајакс мора да се погрижи за својот поранешен член, Абделак Нури, но договорот околу исплатата се уште не е постигнат, бидејќи тимот од Амстердам се „ценка“ со семејството на фудбалерот.

Талентираниот фудбалер 2017 на подготвителен натпревар со Вердер Бремен доживеа срцев удар, поради што скоро три години беше во кома.

Опоравувањето на 22-годишникот тече добро. По будењето од кома комуницира со семејството. Адвокатот на семејството разговара со Ајакс во врска со обештетувањето.

„Семејството на Нури сака повеќе пари. Бара 10 милиони евра, а Ајакс е подготвен да понуди само половина од тој износ, односно пет милиони евра“, пренесуваат холандските медиуми. 

Се вчитува...