Фудбалерите на Ајакс си обезбедија осминафинале во Лигата на шампионите откако славеа со 0-2 на гостувањето против АЕК во Атина во 5. коло од групата Е.
На тој начин Холанѓаните, уште пред последното коло од групната фаза, си обезбедија едно од првите две места во групата кои обезбедуваат настап во најквалитетното европско клупско натпреварување и на пролет.
Во тензичен меч, со хаотични случувања на трибините, Ајакс до предност дојде со голот на Душан Тадиќ во 68. минута од пенал. Во 72. минута истиот фудбалер зголеми на 0-2.
Во Групата Г, Плзен неочекувано славеше со 1-2 на гостувањето против ЦСКА Москва. На тој начин Чесите ги скратија сите надежи на ЦСКА за вмешување во борбата за една од водечките две позиции во групата.
Русите поведоа со голот на Влашиќ од пенал уште во 10. минута. Но, во второто полувреме следеше целосен пресврт. Најпрво Прочацка во 56. минута израмни на 1-1, а потоа во 81. минута Хејда ги постави конечните 1-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА