Македонскиот Шпанец како што често го нарекувавме Раул Гонзалес откако добро го совлада македонскиот јазик во Вардар, деновиве ја почна својата француска авантура со тимот на ПСЖ.
Препознатливиот стил на Раул Гонзалес и непосредниот однос на тренинг, но сега не во „Јане Сандански“, туку парискиот „Пјер де Кубертен“ беше забележан и на фотографиите и видео-секвенците од првиот тренинг на францускиот шампион под водство на шпанскиот тренер.
Во еден момент Раул дури им викна „ајде, ајде…“
Навика си е навика. Додека не се навикне на француското „але“ и македонското „ајде“ врши работа дури и во Париз.
Видеото од тренингот на ПСЖ можете да го погледнете на следниот ЛИНК .
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА