Италијанскиот првак Јувентус ангажираше специјално засилување. На својата клупска телевизија ја доведе Моника Сома, една од најубавите ТВ водителки во Италија, која сега ја води емисијата „J Talk“. Нормално, емисијата е „бум“ во Италија, а сега дури и фановите кои го мразат Јувентус со ќеиф ја гледаат оваа емисија на Јуве ТВ.
Моника Сома има 39 години и две деца, но по неа „лудува“ цела фудбалска Италија. Покрај нејзиниот секси изглед, таа одлично владее и со фудбалската игра. Нејзин омилен фудбалер е Пауло Дибала…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА