Ајнтрахт без Костиќ во Хелсинки, играчот чека промоција во Јувентус

Ајнтрахт Франкфурт на утрешниот европски Супер-куп во Хелсинки ќе биде без услугите на левото крило Филип Костиќ, кој што е во завршни преговори со Јувентус. Србинот кој беше еден од заслужните за освојување на Лигата на Европа, не отпатува во Хелсинки, туку во Торино каде што во секој момент треба да биде промовиран за нов играч на „бјанконерите“.

Самото ова го потврди и Ајнтрахт Франкфурт, кој најави дека нема да му прави проблем на Костиќ да се пресели во друг клуб, доколку се добие добра понуда.

„Филип се однесуваше примерно минатата сезона и одигра голема улога во освојувањето на Лигата на Европа. Секогаш велевме дека нема да му правиме проблеми доколку добиеме понуда која е добра за сите страни. Моментално сме во завршни преговори со дру клуб. Имаме широк состав и имаме голема доверба во момците кои ја заслужуваат шансата и се возбудени за предизвиците кои престојат. Наспроти ова решивме натпреварот со Реал Мадрид да го одиграме без Филип“, изјави спортскиот директор на Ајнтрахт, Маркус Кроше.

Се вчитува...