Дваесет и првото коло од Бундес-лигата почна со реми откако Унион Берлин и Ајнтрахт ги поделија бодовите играјќи 1-1. Гостите од Франкфурт предводени од новиот тренер Риера се надеваа дека конечно ќе ја прекинат серијата од пет меча без триумф, но немаа среќа во завршницат аи мораа да се задоволат само со еден бод.
Најголемите возбудувања ги видовме во последните десет минути, откако Ајнтрахт конечно успеа да го отвори резултатот, со прекрасниот погодок што го постигна Браун во 83. минута.
Само две минути подоцна гостите останаа со играч помалку по црвениот картон на Хојлунд, по што Унион Берлин експресно израмни со пеналот на Кверфелд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

