Ајнтрахт е вториот финалист во купот на Германија

Фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт ќе го предизвикаат Ред Бул Лајпциг во финалето на германскиот национален куп, откако вечерва во второто полуфинале славеа на гостувањето кај Штутгарт со 2-3.

Домаќините поведоа со 1-0 со погодокот на Томас уште во 19. минута во натпреварот. Откако на полувреме се замина со овој резултат, гостите со „блиц-криг“ на стартот на вториот дел со погодоците на Ндика во 51. и Камада во 55. минута успеаја да стигнат до целосен пресврт и да поведат со 1-2.

Коло Муани од пенал во 76. минута донесе водство од 1-3 за гостите, додека конечните 2-3 беа дело на Мило во 83. минута. До крај за издвојување е и црвениот картон на Борна Соса во 85. минута.

 

Се вчитува...