Ајнтрахт Франкфурт без голови против Фрајбург

Ајнтрахт Франкфурт и Фрајбург одиграа без голови, на последниот натпревар во германската Бундеслига овој викенд. И покрај неколкуте шанси на двете страни, сепак, мрежите на крајот мируваа.

Повеќе од играта имаше домашниот тим, имаше и повеќе шутеви, но не успеа да го најде патот до голот на Фрајбург, кој првпат остана со „чиста“ мрежа на гостувањата оваа сезона.

Претходно Баер Леверкузен го совлада тимот на Хајденхајм со 4-1, и така го продолжи чекорот со Баерн Минхен на врвот на табелата.

Се вчитува...