Ајнтрахт Франкфурт го награди Топмелер со нов договор

Ајнтрахт Франкфурт го продолжи договорот со главниот тренер Дино Топмелер до 2028 година, објави клубот од Бундеслигата. Тренерот ја презеде функцијата во 2023 година, а неговиот претходен договор истекуваше следната година.

Ајнтрахт во последното коло против Фрајбург ќе брка пласман во Лигата на шампионите. Треба само да не загуби, и ќе биде сигурен учесник во најелитноот европско натпреварување.

„Клучен фактор во овој позитивен развој на настаните оваа сезона е исклучителната работа на главниот тренер Дино Топмелер и неговиот тренерски штаб. Под нивно водство, целиот тим направи чекор напред во однос на стабилноста, структурата и зрелоста“, рече членот на одборот одговорен за спорт, Маркус Кроше.

Се вчитува...