Ајнтрахт Франкфурт го совлада Кил и му „диши во врат“ на Баерн (ВИДЕО)

Ајнтрахт Франкфурт продолжува со одличните игри во оваа сезона. Тимот дојде до чевртата победа по ред, и со 12 бодови се најде веднаш зад Баерн Минхен со бод помалку на второто место на табелата.

Сепак, на Ајнтрахт воопшто не му беше лесно на ова гостување, иако одлично почна и преку Мармуш во 25. минута дојде до предност. Мацино во 30 минута од пенал успеа да израмни. Матановиќ на стартот на вториот дел донесе нова предност за гостите, а Мацино повторно израмни во 50 минута.

Сепак, Мармуш и Тута до крајот на мечот со два гола ја обезбедија победата на тимот од Франкфурт, кој ја бележи четвртата победа по ред, и покрај тоа што стартувше со пораз во првото коло. Кил со само еден бод останува „закован“ на дното на табелата.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...