Ајнтрахт Франкфурт казнет со неверојатни половина милион евра

Спортскиот суд на Германската фудбалска федерација го казни Ајнтрахт Франкфурт со неверојатни 440.250 евра за 11 случаи на навивачки инциденти, објавија германските медиуми.

Казната опфаќа десет случаи на неспортско однесување и еден случај на дискриминаторско неспортско однесување од страна на навивачите на Ајнтрахт. Случаите се случиле во седум првенствени и еден куп натпревари. Главно станува збор за разни видови пиротехнички средства, но факт е дека казната е огромна.

Клубот може да искористи до 146.500 евра од оваа казна за подобрување на сопствените безбедносни мерки, инфраструктура или мерки за спречување на насилство, кои мора да бидат документирани и доставени до Германската федерација до 30 септември оваа година.

Ајнтрахт е на осмото место во Бундеслигата со 31 бод, 29 помалку од лидерот Баерн и 11 бода повеќе од зоната за испаѓање.

Се вчитува...