Агонијата на Дони ван де Бек продолжи и на позајмицата во Ајнтахт Франкфурт каде Холанѓанецот не успеа да се наметне во тимот. За 357 одиграни минути во дресот на Бундеслигашот не успеа да се запише во листата на стрелци, ниту пак да асистира до соиграчите што е повод за Германците да не ја активираат откупната клаузула.
Тоа значи дека Ван де Бек по крајот на сезоната се враќа назад на хаотичниот „Олд Трафорд“ каде на „црвените ѓаволи“ им престојат големи предизвици во кои ниеден играч нема сигурно место.
Договорот на 27-годишникот со Манчестер Јунајтед завршува следната сезона што значи дека доколку Тен Хаг или пак неговиот наследник не сметаат сериозно на неговите услуги ќе биде продаден престојното лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА