Екипата на Ајнтрахт Франкфурт го губи здивот во трката за врвот, откако денеска на свој терен одигра само 1:1 против Вофлсбург, и не ја оправда фаворитската улога. „Волците“ дури беа и пред триумф, но во 90. минута домашните успеаја да се спасат.
Центер во 67. минута на асистенција на Кумбеди успеа да донесе предност за гостите, која беше актуелна се до последните мигови од мечот.
Во шестата минута од судиското продолжение, Ајнтрахт од пенал преку Батшуаи успеа да израмни, и така да освои бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

