Ајнтрахт Франкфурт со нов тренер од идната сезона

Актуелниот тренер на Ајнтрахт Франкфурт Оливер Гласнер, потврди дека ќе замине од кормилото на Бундеслигашот. Гласнер го направи најголемиот меѓународен успех со клубот, освојувајќи го трофејот во Лигата на Европа минатата година.

Гласнер со Ајнтрахт оваа сезона играше во Лигата на шампионите, каде во 1/8 финалето беше елиминиран од Наполи.

Австрискиот тренер ќе може да се збогува со трофеј од Ајнтрахт, со оглед дека неговиот тим игра во финалето на Купот на Германија против Лајпциг. Во следниот период Ајнтрахт ќе го објави името на новиот тренер. Еден од кандидатите е екс тренерот на Лајпциг и Саутемптон, Ралф Хазенхитл.

Се вчитува...