Ајнтрахт им „украде“ бод на „милионерите“

Борусија Дортмунд ќе мора да игра многу подобро на гостувањата во Бундес-лигата ако сака да се закити со шампионската титула „Милионерите“ по поразот од Унион Берлин ниту денеска не успеаја да дојдат до цел плен, ремизирајќи 2-2 на мечот во Франкфурт против Ајнтрахт.

„Жолто-црните“ имаат за што да жалат бидејќи два пати стигнуваа до водство, преку Витсел и Санчо, но не успеаја да ја задржат предноста до самиот крај, примајќи гол во 88. минута. За нивната трагедија да биде уште поголема, станува збор за автогол, откако Дилејни со несмасна интервенција ја смести топката во сопствената мрежа, за огромна радост на домашните навивачи и фудбалери на стадионот во Франкфурт.

Се вчитува...