Напаѓачот Хуго Екитике кој играше како позајмен од ПСЖ во Ајнтрахт Франкфурт, потпиша перманентен договор со Буднеслигашот, откако тимот од Франкфурт се одлучи да ја активира откупната клаузула.
Екитике оваа сезона забележа 12 настапи во Ајнтрахт Франкфурт, а минатиот меч го постигна својот прв гол. Со активирање на клаузулата, напаѓачот потпиша договор со 2029 година.
„Цврсто сме убедени во неговиот голем потенцијал, и се надеваме неговите игри ќе ни донесат успеси“, рече Маркус Кроше, спортскиот директор на Ајнтрахт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА