Поранешниот кошаркар на Филаделфија, Денвер, Детроит, Мемфис и Бешикташ, Ален Ајверсон ги избра најдобрите кошаркари кои во моментов играат во најсилната лига во светот, НБА.
Четириесет и седумгодишниот Ајверсон беше први пик на Сиксерс во 1996 година, а своите најдобри партии ги одигра во дресот на тимот од Пенсилванија.
„Ги обожавам изданијата на Крис Пол. Ги обожавам настапите на Лука Дончиќ. Списокот продолжува и продолжува. Ја сакам играта на Леброн. Ја сакам глумата на Кевин Дурент. А Стеф Кари ми е фраер. Воодушевен сум од него“, изјави Ајверсон.
Во 2001 година тој беше прогласен за најкорисен играч во лигата, а во 1997 година беше дебитант на годината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

