Ален Ајверсон повторно говореше за својот голем ривал Коби Брајант. Покрај многуте интересни теми на кои говореше во едно гостување Ајверсон зборуваше и за „војната“ која неговата Филаделфија ја водеше во Лејкерс предводен од Коби Брајант и Шекил О’Нил.
„Не, имав личен, близок однос со Коби. Знаете „убијците“ ги почитуваат „убијците“. Тој секогаш знаеше кој сум јас, јас секогаш знаев кој е тој. Меѓусебно се поддржувавме и си дававме ветер во грб. Многу ги сакам тие приказни за нас кои одат од пријатели до непријатели и секогаш ќе кажам дека сакав да имавме подобар однос. Беше неверојатно интересен човек, а јас секогаш сакам да имам такви луѓе во опкружувањето. Секогаш ме почитуваше“, изјави Ајверсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА