Навивачите на Кливленд конечно имаа можност да го видат Ајзеа Томас во дресот на својот тим, а фантастичниот плејмејкер веднаш покажа дел од своите квалитети, давајќи свој придонес во победата над Портланд од убедливи 127-110. Томас дојде во Кливленд како дел од големата размена со која Кајри Ирвинг беше испратен во Бостон, но поради незгодна повреда долго време беше „во аут“. Тој синоќа се појави во тимот и одигра 19 минути против Портланд, период во кој реализираше 17 поени и три асистенции. Најефикасен беше Леброн Џејмс со 24 поени, пеет повеќе од Кевин Лав.
Сан Антонио како гостин славеше против Њујорк никс со 91-100, со што Грег Попович се искачи на петтото место на листата на тренери со најмногу победи во историјата (1176), минувајќи го на неа Џорџ Карл. Олдриџ со 29 и Ленард со 25 поени беа најзаслужни за овој триумф на „мамузите“, додека Мајкл Бисли со 18 поени беше прв стрелец на Њујорк.
Резултати НБА:
Кливленд – Портланд 127-110, Њујорк – Сан Антонио 91-100, Феникс – Атланта 104-103, Сакраменто – Шарлот 111-131, ЛА клиперс – Мемфис 113-105.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА