АК Делта е победник во Купот на Македонија во атлетика (ФОТО)

Викендов на Арената „Тодор Проески“ во Скопје се одржа Купот на Македонија за сениори и сениорки како најголемото атлетско натпреварување организирано од Атлетската федерација на Македонија.

На ова првенство учествуваа повеќе од 20 клубови и 120 атлетичари кои се бореа за престижот победник на Купот на Македонија, натпреварување кое по карактер е екипно првенство на кое атлетичарите и атлетичарките согласно остварените резултати и исполнетите норми собираат бодови кои ќе им послужат за што повисоко рангирање на своите клубови.

Севкупен победник на Купот на Македонија за 2024 година е Атлетскиот клуб „Делта“ од Скопје, за кого ова е четврта освоена титула од ова натпреварување.

Најдобрите клубови во машка и женска конкуренција:

СЕНИОРКИ
1. место: АК Куманово 410 бода
2. место: АК Делта 293
3. место: АК 7ми Мај 274

СЕНИОРИ
1. место: АК Делта 939 бода
2. место: АК Куманово 517
3. место: АК 7ми Мај 279

ВКУПЕН ЕКИПЕН ПЛАСМАН:
1. место: АК Делта 1232 бода
2. место: АК Куманово 927
3. место: АК 7ми Мај 553

Се вчитува...