АK Делта победник во Купот на Македонија во сениорска конкуренција (ФОТО)

Изминатиот викенд се одржа најголемиот и најзначајниот атлетски натпревар во државата, Купот на Македонија во сениорска конкуренција, кој донесе спектакуларни настапи, врвна конкуренција и извонредна борба за бодови во сите дисциплини!

Трета година по ред најдобар клуб на ова натпреварување е Атлетскиот Клуб Делта од Скопје, за кого ова е петта титула во последните шест години.

Најуспешните клубови според официјалниото рангирање:

Мажи – Топ 3 клубови:

АК Делта – 894 бода

АК Куманово – 485 бода

АК 7ми Мај – 351 бода

Жени – Топ 3 клубови:

АК Куманово – 536 бода

АК Дрини Старт – 338 бода

АК 7ми Мај – 309 бода

Севкупен пласман:

АК Делта – 1109 бодови

АК Куманово – 1021 бод

АК 7ми Мај – 660 бодови

Се вчитува...