АК Делта, со соборени три национални рекорди, победник на Купот за сениори во атлетика (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Атлетскиот клуб Делта е победник на сениоркиот Куп на Македонија кој се одржа на арената „Тодор Проески” во Скопје.

Во најконкурентниот атлетски натпревар во годината во Македонија – Купот за сениор(к)и учествуваа 15 клубови од целата држава, а во севкупен пласман со освоени 1342 бодови триумфираше атлетскиот клуб Делта од Скопје.

На втората позиција заврши АК Куманово со освоени 892 бодови, а третото место им припадна на АК Центар од Скопје со освоени 592 бодови.

Во одлична атмосфера и возбудливи трки беа постигнати и три национални рекорди на Македонија, сите од атлетичарите на Делта: -Михаил Петров рекорд на 400 метри за млади младинци – 50.21;  – штафета 4×100м – 43.78 младински и сениорски клубски рекорд; – штафета 4×400м – 3:29.28 младински клубски и репрезентативен рекорд.

 

ПЛАСМАН ОД АТЛЕТСКИОТ СЕНИОРСКИ КУП НА МАКЕДОНИЈА

МАЖИ

  1. АК Делта
  2. АК Куманово
  3. АК Работнички

ЖЕНИ

  1. АК Куманово
  2. АК Делта
  3. АК Центар

 

Се вчитува...