Раководството на АК Охрид преку соопштение до јавноста информира дека се неточни тврдењата на Атлетската федерација на Македонија оти поради почитување на Статутот, тренерот на единствениот претставник на Македонија на Светското првнество во Доха, Јован Стојоски, Марина Мишиќ не била вклуќена во експедицијата. Од клубот тврдат дека АФМ понудила, Мишиќ сама да си ги плати трошоците и во тој случај велат од клубот за Федерацијата се ќе било в ред.
Во прдолжение, во целост реакцијата на АК Охрид:
Во врска со известувањето од АФМ кое го објавивте на 24.09.2019 година би сакале да ги појасниме работите и да демантираме дека изнесуваме невистини во медиумите.
Вистина е дека Марина Мишиќ нема македонска лиценца за атлетски тренер туку српска,но прашуваме кој од македонските тренери има лиценца и кој од македонските тренери има договор со АФМ. Според наши сознанија, никој од долгогодишните атлетски тренери нема таков договор со АФМ ниту има некој кој има лиценца освен покојниот Влатко Димитров од АК Охрид кој успеа да добие Интернационална лиценца за тренер, се извинуваме на тренерите ако не сме во право.
Сите тренери си имаат договори со клубот, а бидејќи клубот е член на АФМ се подразбира дека имаат и со АФМ договор, па бидејќи и Марина Мишиќ има уреден договор со АК Охрид автоматски има договор и со АФМ. Ако пак тренерите ги извадат договорите кој ги имаат со АФМ, а нас не замајувале дека немаат таков договор се повлекуваме.
Основно правило во Атлетиката отсекогаш било со атлетичарот на вакви првенства да оди неговиот тренер, освен ако не оди цела екипа па тогаш се бира да оди или селектор или група тренери зависно од финансиските можности. Ова правило се потврдува на Европското Првенство до 23 години кога со одлука на старото раководство на АФМ со атлетичарот замина неговиот тренер и остварија историско достигнување за македонската атлетика, секако знаете станува збор за Јован Стојоски и неговиот тренер Марина Мишиќ.
Додека во нашиот случај во писмото добиено од АФМ не се кажува дека поради неисполнување на некој членови од Статутот на АФМ тренерот Марина Мишиќ не може да оди во Доха со својот атлетичар Јован Стојоски, туку се нуди да доколку си плати тогаш може да оди, што е многу иритирачки и за неа и за атлетичарот, а и за клубот, зошто таа навистина вложила огромен напор за да ги постигне тие резултати со атлетичарот и сето тоа го правела волонтерски без било какаков надомест. И уште поиритирачки е тоа што АФМ е подготвена да погази преку сите статути и да ја испрати Марина на светско првенство доколку си плати пари, многу контрадикторно зар не ??
На сениорското првенство што се одржа во Скопје на 27,28 јули, кое воедно беше изборно за европското првенство, имавме состанок со Претседателот на АФМ, на кој освен мене како претседател на АК Охрид, присуствуваа тренерот Марина Мишиќ, атлетичарот Јован Стојоски и неговиот родител. Се разговараше за идните настапи на Јован и меѓу другото тренерот Марина го отвори прашањето околу лиценцата која ја поседува и дека сака да ја продолжи како македонска бидејќи е сега единствено тренер на македонски клуб. Одговорот од Претседателот на АФМ беше дека кај нас не се воведени таквите лиценци, но дека не е проблем, најбитно е да се продолжи со тренинзи и да се нижат успеси како што се изнижаја на Европското Првенство во Скопје, каде Јован освои две први места и едно трето место.
Мислиме дека ние како клуб и Марина како тренер си го исполнавме договореното, но Претседателот на АФМ по ова прашање не го исполни ветеното. За крај уште прашувам колку тренери имаме во Македонија кој можат со свој атлетичар да освојат над 1000 бода по светска таблица и да евентуално освојат медал на меѓународен натпревар. Освен претседателот на АФМ Александра Војнеска која е уредна со сите документи со завршен факултет за физичка култура има уште само двајца од кој едниот е со завршена војна академија, а другиот нашиот тренер Марина Мишиќ кој нема Македонско државјанство. Прашувам која е целта на постоењето на АФМ, според нас од АК Охрид, да не претставува во светот на атлетиката во што подобро светло, да ги прескокне бариерите кој ги направиле просечните тренери со 800 до 900 бода по светска таблица, да одиме што понапред и дај боже да имаме и балкански прваци па и европски да се надеваме.
Но, за жал со ваквиот однос на АФМ ќе го изгубиме и тој редок квалитет кој го имаме, со една не добро промислена одлука, се створи револт кај нашиот најдобар атлетичар на отворено, кај неговиот тренер и кај нас како клуб. Се надеваме дека ваквите грешки нема да се повторат и дека атлетиката ќе ја издигнеме на повисоко ниво какво што заслужува кралицата на спортовите.
Со почит,
Претседател на Атлетски клуб Охрид
Пецо Неданов
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА