Академија Пандев промовираше тројца нови фудбалери за пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига. Сандро Ембало, Неат Абдулаи и Иван Галевски се нови играчи на струмичкиот прволигаш.
Сандро Ембало е португалски централен дефанзивец кој доаѓа од екипата на АЦ Оулу од Финска и ја засилува одбранта и левата бековска позиција.
Неат Абдулаи е македонски интернационалец, кој веќе неколку сезони беше дел од неколку екипи во италијанската Серија Д. Последен клуб за кој настапувал е Монтебелуно, а игра на позициите крилен и централен напаѓач.
Иван Галевски доаѓа од екипата на Победа од Прилеп и ќе биде засилување на двете крилни позиции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА