Академија ФМП го освои Чаир за задржување на перфекцијата во плејаутот

Академија ФМП останува перфектна по три одиграни кола во плеј-аутот откако тимот од Кислеа Вода славеше на гостувањето кај Чаир 2030 со 93-99. Во неизвесниот натпревар „црвено-сините“ победата ја осигураа со подобра игра во последната четвртина.

По изедначеното отварање на натпреварот гостите од Кисела Вода ја превземаа резултатската иницијатива и поведоа со 12-21, но Чаир одговори во финишот на првата четвртина за намалување на негативата на 16-21. До крајот на првото полувреме продолжи неизвесниот натпревар проследен со добра игра на двата дела од теренот. Чаирчани во еден момент и поведоа, во еден момент имаа и негатива од седум поени, но по крајот на првиот дел на семафорот стоеше резултат 42-46.

Второто полувреме не донесе промена на теренот. Двата тима продолжија да играат во серии, го менуваа водството, a благодарение на тројката на Џоунс на четири секунди пред крајот, Академија ФМП беше тимот кој влезе во последните десет минути со предност од еден напад (69-72). Избраниците на Симиќ овој ја задржаа позитивата во текот на целата последна четвртина и заслужено стигнаа до третата победа во плеј-аутот.

Со по 26 поени Реџа и Пајиќ беа лидери на Чаир 2030, а 26 поени за гостите постигна Коскоски. 18 поени забележа Бјелиќ.

Се вчитува...