Академија ФМП стигна до злато вредна победа во борбата за опстанок во Првата кошаркарска лига откако во последниот натпревар од 20. коло славеше на домашен терен со 88-72 против директниот конкурент за релегација, Куманово.
Избраниците на Тони Симиќ до победа стигнаа до убедлива игра во првото полувреме во кое реализираа со висока успешност во обидите од поле, ја контролираа скок играта и имаа далеку подобар проток на топката во нападот па и позитива од 51-32 на полувремето која беше доволна за два бода и покрај обидот на „сино-белите“ за камбек во вторите 20. минути.
Со 19 поени и 8 скока лидер на Академија ФМП беше Мариновиќ, 13 поени и 6 скока додаде Кососки, а со 12 поени и 14 асистенции мечот го заврши Смит. Со 24 поени и 6 скока Марјановиќ го предводеше Куманово, а него го следеа Зивчевиќ со 16 поени и Рајт со дабл-дабл од 10 поени и 11 скока.
Ова е петта победа за Академија ФМП во сезоната со која скопскиот тим сега има победа повеќе пред кумановци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

